Канје Вест објави преку 40 православни икони: Твитер се вжешти, го прашуваат дали и тој станал православен

Американскиот рапер Канје Вест неодамна се сврте кон религијата, и повеќепати зборуваше за тоа како „го прифатил Исус за свој спасител“ и како „Христос го спасил“.

Канје сега објави десетици православни икони на својот Твитер за помалку од еден час и нема сомнение дека е фасциниран од нив.

Колку што е познато, тој е верник во Евангелистичката црква, додека неговата сопруга Ким Кардашијан е од православна вероисповед, а нивните четири деца се крстени според православните обичаи.

Судејќи според неговите објави, најмногу му се допаднале приказите на Исус Христос, Богородица, Архангел Михаил и Свети Ѓорѓи, кои неговите православни следбеници ги дочекале со ентузијазам, додека некои се прашувале дали и Канје станал православен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа