Кандидатот за заменик министер за култура знае да користи три пребарувачи на интернет
Кандидатот за заменик министер за култура Даим Лучи во својата биографија која ја доставил до премиерот Димитар Ковачевски напишал дека знае да користи дури три пребарувачи на интернет.
Во ставката „Компјутерски вештини“ освен „Windows“, „Microsoft Word“, „Power Point“ и „Excel“ Лучи навел и три пребарувачи на интернет. Тој во CV-то напишал дека знае да ги користи „Google Chrome“, „Opera“ и „Firefox“.
До минатата година тој бил советник во општина Чаир. Во своето CV може да се пофали и дека бил претседател на младинскиот форум на Алтернатива, основач на партијата Алтернатива, а претходно и претседател на младинскиот форум на движењето БЕСА и основач на оваа партија.
Тој бил активен и како ученик и како студент, па се јавува како основач и претседател на Сојузот на ученици Албанци, но и на Унијата на студенти Албанци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа