На 29 август 2026 година, во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот К.Д. од село Жилче, тетовско, по пријава за пукање со огнено оружје.
При преземањето на мерките, во дворот на викенд-куќа биле затекнати четири лица, а кај К.Д. биле пронајдени два пиштоли и поголема количина муниција. Во дворот биле констатирани и траги од истрели.
При извршеното алкотестирање, кај 57-годишникот биле измерени 1,63 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

