Калифорнија ја зафати уште едно силно невреме: Загинаа најмалку две лица
Најмалку две лица загинаа во уште една силна бура што ја погоди Калифорнија во текот на ноќта, бидејќи насипот во крајбрежниот округ Монтереј попушти, соопштија денеска официјални лица.
„Се надевавме дека ќе ја избегнеме и спречиме оваа ситуација, но се случи најлошото можно сценарио со излевање на реката Пајаро и пробивање на насипот околу полноќ“, рече надзорникот на округот Монтереј, Луис Алехо.
Невообичаено интензивна низа од бури ја погодува Калифорнија со недели. На сликите од државната Национална гарда објавени на Твитер се гледа како чуварите спасуваат жители заробени во автомобили под висока вода, објавија американските медиуми.
Во областа Монтереј, повеќе од 8.500 луѓе беа предупредени или им беше наредено да се евакуираат, вклучително и 1.700 жители на Пајаро. Станува збор главно за земјоделци со потекло од Латинска Америка, соопштија локалните власти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа