Close Menu
    Најново

    Запрен сообраќајот во тунелот под Ла Манш – илјадници патници заглавени на станиците

    30.12.2025 во 15:09

    Трамп: САД извршија прв копнен напад врз Венецуела

    30.12.2025 во 15:05

    Хорор во Скопје: Заталкано зрно паднало врз возило во движење во кое се превезувало цело семејство

    30.12.2025 во 15:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Запрен сообраќајот во тунелот под Ла Манш – илјадници патници заглавени на станиците
    • Трамп: САД извршија прв копнен напад врз Венецуела
    • Хорор во Скопје: Заталкано зрно паднало врз возило во движење во кое се превезувало цело семејство
    • Тешко повредено 8-годишно дете од Гостивар, петарда му пукнала во рака, итно префрлено во Скопје
    • Синот гласал наместо таткото – претседател на избирачки одбор во Пласница заработи кривична
    • Кривична пријава за директорот на студентскиот дом во Штип: Плаќал хотелски сметки во Охрид без јавна набавка
    • Кривична за екс-градоначалник на Чашка: Злоупотребил службена положба за исплата на прекувремена работа
    • ЈСП со важно соопштение до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Каква зима нè очекува – најавени студени бранови

    Каква зима нè очекува – најавени студени бранови

    25.12.2025 во 09:07
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Зимата што претстои ќе биде за околу еден степен потопла од повеќегодишниот просек, но со повремени студени бранови, покажуваат најновите климатски очекувања. Според анализата на професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски, не се очекуваат долготрајни екстремни студови, туку претежно променливо и умерено топло време.

    Студени периоди со температури под нормалата се очекуваат од крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари. Во Скопје и Штип средните температури ќе се движат од 1 до 4 степени, додека на планините од 0 до -3 степени.

    „Бројот на мразни денови ќе изнесува 30–55 во низините и 60–75 на планините, додека ледените денови ќе бидат релативно ретки во низините (5–15), но почести на планините (25–40). Студени бранови со температури околу или под нормалните се најверојатни кон крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови“, пишува во анализата.

    Професорите предупредуваат дека во стабилните периоди со антициклони, во котлините ќе има појава на магла и температурни инверзии. Ова ќе доведе до значително влошување на квалитетот на воздухот, особено во Скопската, Полошката и Струмичката котлина.

    „Во целина, зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, динамична и со изразени краткотрајни зимски настани, при што главните ризици произлегуваат од временската променливост, кратките интензивни врнежни епизоди, снежните бури во планините и епизодите со многу лош квалитет на воздухот во котлините“, оценуваат Спиридонов и Милевски.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.