Како се движат цените на горивата од почетокот на годинава?

После подолг период на раст на цените на нафтените деривати во државата, надлежните донесоа нова одлука за поевтинување на горивата од полноќ.

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 79,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 56,749 (денари/килограм), информираа од РКЕ.

Но, прашањето кое честопати се поставува во јавноста е всушност, за колку пораснале цените на горивата од почетокот на 2022 година.

Од графикот може да се забележи дека од првата донесена одлука на РКЕ, (4.1.2022 година) цените на сите нафтени деривати бележат раст до одлуката донесена на 11 март, која воедно важи и за ден кога дериватите ја достигнуваат највисоката цена од почетокот на годината. На 11 март, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС изнесуваше 97 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95 денари, а пак цената на екстра лесното за домаќинство беше 92.5 денари за литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 своето најголемо покачување го достигна на 10 март, и истата се задржи и при одлуката на комисијата следниот ден, по што изнесуваше 93 денари за литар. Кога станува збор за мазутот, највисоката цена од почетокот на годинава ја достигнува на 13 март и изнесуваше 60.9 денари за литар.

После 11 март цената на горивата во Македонија постепено се намалува, а со денешната најновата одлука на РКЕ, министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека нашата земја од поноќ ќе има најниска цена на дизел горивото во регионот.

.

16.03.2022 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега