Како на филм: Жена си го убила сопругот додека спиел

Џенана Ј. е осомничена дека во Сараево го убила нејзиниот сопруг Сенад Ј. додека спиел.

На Џенана веднаш и бил одреден притвор, поради опасност да не дојде до вознемирување на јавноста ако биде пуштена на слобода.

„Се сомнева дека со нож го усмртила својот сопруг додека спиел во дневната соба. Смртта на оштетениот настапила откако со нож неколку пати бил избоден во пределот на вратот, градниот кош и раката“, изјави Азра Бавчиќ, портпарол на Обвинителството на Сараево.

12.09.2024 - 17:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега