Кафето не е решение: Со овој напиток до поголема концентрација на работа

Луѓето кои пијат чаевите се покреативни и пофокусирани на работа отколку оние кои практикуваат да пијат кафе.  Ова го покажа истражувањето кое било реализирано со две групи млади луѓе кои се во работен однос.

Едната група пиела црн чај, а другата вода и на крајот двете групи решавале когнитивни и креативни тестови. Резултатите покажаа дека првата група имала поголем наплив на креативност и можела подобро и подолго да се држи фокусирана на задачите од онаа која пиела вода.

-Причината лежи во кофеинот присутен во чајот. Двете природни состојки на чајот, кофеин и танин, позитивно влијаат на конценрацијата, која е неопходен дел од когнитивните функции на мозокот, тврдат авторите на истражувањето.

Кафето иако може да ве расони, не ви е голема помош кога станува збор за концентрација.

07.05.2022 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега