Каевски: Зголемување на просечната плата за скоро 11% (ВИДЕО)

„Мерките и политиките на институциите предводени од СДСМ и во време на глобална криза даваат резултати, платите и пензиите растат, се отвораат нови работни места. Според последните податоци на државниот завод за статистика процечната плата за јуни годинава изнесува 31.869 денари. Јунската нето плата е зголемена 10,9 отсто во однос на истиот месец од 2021 година“. Вакви пораки испрати пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски на денешната прес-конференција.
 
Тој кажа дека во изминатите 4,5 години двојно ја зголемике минималната плата, а  просечната плата се зголемила за околу една третина, на над 500 евра.
 
Платите растат и ќе продолжат да растат во сите сектори, истакна пратеникот Каевски.
 
„Веќе од септември следува покачување на платите во образованието и детската заштита.
Платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто.
 
Со новиот Закон за служба во Армијата, платите во одбраната од септември ќе се зголемат  просечно по 2.000 денари.
Се грижиме и за пензионерите.
 
Пензиите во последните четири и пол години се зголемени за над 2.000 денари, а од септември, благодарение на новата методологија, следува ново историско покачување на пензиите.
 
Во рамките на нашите заложби за заштита на стандардот на граѓаните, секој пензионер со мартовската, априлската и мајската пезнија доби по 1.000 денари помош“, изјави Каевски од редовите на СДСМ.

19.08.2022 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега