Каефенаска тепачка во тетовско село: Со нож ја избодел пејачката

Со нож ја избодел пејачката и нејзиниот вереник а придружбата репетирала пиштоли. Со кривична пријава заврши драмата која уште во август минатата година се одигрувало во селото Радиовце.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(68) од с.Горно Седларце, А.Р.(32), С.Р.(38), Р.Р.(49), сите од с.Радиовце, тетовско, Л.М.(38) и И.М.(24) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.08.2023, по претходна расправија во угостителски објект во с.Волковија, општина Брвеница помеѓу првопријавениот и Ф.М., која била ангажирана на семејна веселба, И.М. заедно со Ф.М., која е негова вереница, се упатиле во с.Радиовце, каде биле пресретнати од останатите пријавени. Притоа, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, во која А.Р. со нож нанел повреди на Л.М. и Ф.М, а третопријавениот репетирал пиштол кон И.М. и Л.М“ – се вели во соопштението на полицијата.

20.02.2024 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега