Каде ќе биде погребан братот на осомничениот убиец на Данка, три нешта се чудни и необични

 


Далибор Драгијевиќ (40), кој почина од срцев удар во полиција откако беше уапсен поради сомнение дека учествувал во преместувањето на телото на убиената Данка Илиќ (2), ќе биде погребан денеска во 14 часот на гробиштата во с. Злот.

Далибор нема да се погреба во семејна гробница и нема да се носи во црква, пренесуваат српските медиуми.

Светлана, мајката на Далибор за Телеграф.рс изјави дека и самата не знае каде ќе биде погребан Далибор.

Всушност три чудни, необични работи го „следат“ овој погреб.

Немаше потврда за смртта на Далибор, немаше бдеење и вратата од куќата беше постојано затворена, пренесуваат српските медиуми.

11.04.2024 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега