Close Menu
    Најново

    Лукашенко: Путин има добар предлог за крај на војната

    26.09.2025 во 21:09

    Полска ги предупреди своите жители: Итно напуштете ја Белорусија

    26.09.2025 во 21:05

    Русија се жали по најавата дека ќе им бидат соборени авионите

    26.09.2025 во 20:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Лукашенко: Путин има добар предлог за крај на војната
    • Полска ги предупреди своите жители: Итно напуштете ја Белорусија
    • Русија се жали по најавата дека ќе им бидат соборени авионите
    • Русија се жали по најавата дека ќе им бидат соборени авионите
    • ЕК одобри заедничка инвестиција на „Мета“ и „Релајанс“ во ЕУ
    • Дронови и над Германија: Истрага за шпионажа или саботажа
    • Мајкрософт го намалува пристапот на израелската војска до одредени услуги и вештачка интелигенција
    • ЦУК: Исчезнатите лица на Водно се пронајдени и се на безбедно
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Каја Шукова: БРТ, повеќе простор за пешаци и велосипеди, смарт град и Скопје без ѓубре

    Каја Шукова: БРТ, повеќе простор за пешаци и велосипеди, смарт град и Скопје без ѓубре

    24.09.2025 во 12:18Updated:24.09.2025 во 12:19
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуа со кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивните размислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје. Интервјуата се дефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнин анализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз, урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт.

    Првото интервју е на Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ.

    ПРЕС24: Јавниот градски превоз е една од црните точки на Скопје. Кои се Вашите позиции за ова? Што му треба на Скопје? Метро, трамварј, автобуски јавен превоз?

    ШУКОВА: Јавниот градски превоз е една од најголемите црни точки на Скопје, резултат на години занемарување, партиски калкулации и неспособност на досегашната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска. Наместо решенија, добивме 25 пати неизгласана Одлука од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, а со тоа добивме хаос, расипани автобуси, празни ветувања за метро и укинати автобуски линии во најкритичните периоди од денот.

    Мојата визија е јасна – Скопје заслужува јавен превоз што функционира. Тоа значи имплементација на брзиот автобуски транзитен систем (БРТ) со посебни коридори, нова флота на еколошки автобуси, интегриран електронски билетен систем и зголемена фреквенција на автобусите во време на најголем метеж. За да не ни се случи  сообраќаен колапс, потребна е политичка волја и системски пристап во имплементација на ова решение..

    Првата БРТ линија, од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, ќе биде столбот на новиот јавен превоз. Оптималното решение за втората линија, север-југ, односно физибилити студија, ќе се подготвува паралелно на изградбата на првата линија. Овој проект ќе обезбеди брз, ефикасен и еколошки транспорт што ќе го намали метежот и загадувањето. Паралелно со тоа, ќе изградиме 50 км нови велосипедски патеки, субвенции за набавка на Е велосипеди, ќе воведеме систем за споделување велосипеди, безбедни велосипедски рути и „супер блокови“ во центарот каде што приоритет имаат пешаците, велосипедистите и јавниот превоз.

    Ова не е само сообраќајна, туку животна реформа. Скопје мора да стане град за луѓето, со чист воздух, брз, навремен и достапен превоз, и урбан простор што не ги гуши граѓаните, туку ги поттикнува да останат и да живеат квалитетно. Саксм да ја вратам довербата дека градот може да се води транспарентно, со визија и во интерес на Скопјани.

    ПРЕС24: Каков е Вашиот план, што може да се очекува како решение и до кој обем во мандат од 4 години?

    ШУКОВА: Во мандат од четири години, граѓаните на Скопје можат да очекуваат вистински пресврт во урбаната мобилност и квалитетот на живот, преку системски, реални и издржани решенија, а не со лажни ветувања за метро и популистички потези без визија, какви што видовме од актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска.

    Во првите две години ќе почнеме со модернизација на јавниот превоз: набавка на 100 нови еколошки автобуси за приклучните линии на БРТ системот, воведување на електронски систем за наплата, редизајниран возен ред и подобрена покриеност на сите населби, со посебен фокус на фреквентните линии и критичните периоди од денот. Ќе бидат активирани и приватните превозници со јасна и правична обврска за опслужување на најоптоварените линии.

    Во истиот период ќе се реализираат 50 км нови велосипедски патеки, ќе се воведе систем за споделување велосипеди со 50 станици низ градот и велосипедски паркинзи на клучни локации. Ќе почнеме и со реуредување на централното градско подрачје („Мал ринг“) во пешачка зона, каде што јавниот превоз и алтернативната мобилност ќе имаат приоритет.

    Паралелно, ќе ја почнеме првата фаза од БРТ системот – најголемиот инфраструктурен проект за јавен превоз досега. Тоа вклучува изградба на 13 км брза автобуска траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче со 21 модерна автобуска станица и 29 нови автобуси на гас и електрична енергија. Тендерската постапка ќе почне во 2026, а реализацијата во 2027-2028, во рамки на мандатот. Ќе биде подготвена физибилити студија за втората БРТ линија (север-југ), со цел паралелно планирање и почнување на нејзината изградба. Ќе се воведе и интегриран билетен систем, што ќе ги поврзе сите облици на јавен и алтернативен превоз, заедно со паркинг системи на периферијата на градот.

    Овие проекти не се само инфраструктурни, туку клучни за намалување на загадувањето, сообраќајниот метеж и стресот на граѓаните. За четири години, Скопје ќе добие темелно реформиран систем на мобилност, поставен на здрави основи, што ќе биде двигател на развој, а не извор на фрустрација. Тоа е мојот план, паметен, еколошки, остварлив и пред сè, во служба на луѓето и очекувам зголемување на функционалноста во јавниот превоз за 50%.

    ПРЕС24: Втора клучна точка е сообраќајот во главниот град. Имате ли план за проширување, намалување, или пак за реорганизација на сообраќајници и булевари?

    ШУКОВА: Да, сообраќајот е втората клучна точка за Скопје, но не со пристапот што го видовме досега, со несистемско проширување на булевари без визија, нереализирани ветувања и блокирани проекти. Наместо повеќе бетон и хаос, мојот план предвидува реорганизација и модернизација на постојната сообраќајна мрежа, со јасен фокус на функционалност, безбедност и животна средина.

    Прво, ќе изградиме приоритетни ленти за јавен превоз на главните сообраќајници, што ќе овозможи побрзо движење на автобусите и ќе ги поттикне граѓаните да се префрлат од автомобили на јавен превоз. Паралелно, со БРТ-системот ќе се редизајнираат целите коридори на релациите исток–запад и север–југ.

    Второ, ќе ги завршиме сите заглавени и нереализирани проекти што Арсовска ги остави во недовршена состојба. Булеварот „Борис Трајковски“ до влезот на Драчево ќе биде целосно доизграден со проширување на четири ленти, кружен тек, велосипедски и пешачки патеки, нова канализација и ЛЕД-осветлување – во првата година од мандатот.

    Трето, ќе го активираме тунелот под „Дајмонд мол“ преку изградба на кружните текови кај „Нова Македонија“ и „Бихаќка“, што ќе го растовари центарот и ќе овозможи хуманизација на улиците „Железничка“ и „Кирил и Методиј“ – со нови пешачки и велосипедски патеки.

    Ќе се продолжат и клучни булевари како:

    Булевар „Словенија“ до Ѓорче Петров, со три ленти во секоја насока и целосна велосипедска и пешачка инфраструктура,

    Булевар АСНОМ кон Ќерамидница, што ќе го стави во функција новиот мост „Михаило Апостолски“,

    Поврзување на мостот кај улицата Љубљанска, за што ќе работиме во координација со Владата и Министерството за култура за итни археолошки истражувања.

    Покрај проширувања, клучна е и хуманизацијата на просторот, секој инфраструктурен проект ќе вклучува и зеленило, урбана опрема и безбедни пешачки зони. Ќе се создадат „супер блокови“ во центарот каде ќе доминираат пешаците, велосипедистите и јавниот превоз.

    Затоа, не предлагаме само нови улици, туку нов сообраќаен концепт што ќе го врати градот на граѓаните, а не на автомобилите. Скопје не смее да остане заглавен во лошо планирање и политичка негрижа. Тука сум да ја донесам таа промена.

    ПРЕС24: Што со централното градско подрачје? Дали би поддржале и реализирале идеја за наплата за транзит низ Малиот Ринг со автомобили, по примерот на други метрополи?

    ШУКОВА: Централното градско подрачје, т.н. Мал ринг, мора да го вратиме на граѓаните. Тоа значи постепена трансформација во пешачка зона, со приоритет за јавниот превоз, велосипедистите и пешаците, а не за приватните автомобили. Ова не е само урбанистичка мерка, туку чекор кон почист воздух, поздрава околина и повисок квалитет на живот.

    Проектот за Мал ринг предвидува затворање на улицата „Димитрие Чуповски“, од „Палома Бјанка“ до „Порта Македонија“, како прва фаза од оваа трансформација. Просторот ќе биде целосно преуреден со урбана опрема, ново зеленило и улично осветлување. Се задржува специјален режим за дотур на стока, пристап на жители и јавен превоз.

    Во однос на идејата за наплата на транзит низ Мал ринг со автомобили, отворени сме за модели што ќе придонесат за намалување на метежот и загадувањето, но секоја таква одлука мора да биде донесена по широка јавна дебата и анализи. Подготвени сме да разгледаме таков предлог, по примерот на европски метрополи, како „приоритетни зони„ на пример, но само ако тоа значи подобар јавен превоз, реална алтернатива за граѓаните и гарантирана правичност.

    Не сме за наметнување, туку за паметно управување. Целта не е казна за граѓаните, туку создавање модерен, зелен, функционален центар, со повеќе живот, а помалку сообраќаен и звучен хаос. Ако сакаме Скопје да стане вистински европски град, мораме да направиме храбри, но одговорни чекори. И јас сум подготвена да ги водам тие промени.

    ПРЕС24: Дали на Скопје му требаат нови паркинг простори и каде?

    ШУКОВА: Да, Скопје има потреба од нови паркинг простори, но не како изолиран или хаотичен урбанистички потег, туку како дел од системски концепт на интегрирана мобилност. Не ни треба повеќе бетон во центарот, туку стратешки лоцирани паркинзи на периферијата на градот, каде што граѓаните ќе можат да ги остават своите возила и да продолжат со јавен превоз, велосипед или пешки. Овој пристап овозможува намалување на метежот во централното градско подрачје, почист воздух и побезбеден урбан простор. За таа цел, ќе изградиме модерни паркинг-системи на влезовите од градот, во близина на транспортни јазли и БРТ станици, поврзани со брзи автобуски линии. За Скопјани предвидуваме катни монтажни гаражи, кој на одреден простор обезбедуваат двојно повеќе паркинг места. Брзо се изведуваат, не чинат многу.

    Покрај тоа, новите јавни објекти како Конгресниот центар и спортскиот комплекс СЦ „Сарај“ ќе добијат соодветни паркинг простори, со цел да се одговори на реалните потреби на посетителите без дополнително оптоварување на соседните населби.

    Воедно, преку програмата „Скопје за сите“, ќе овозможиме субвенциониран или бесплатен паркинг за одредени категории граѓани, семејства со низок приход, пензионери, лица со попреченост, како дел од социјално правичен и одржлив систем.

    На кратко, на Скопје му требаат нови паркинзи, но таму каде што ќе го намалат хаосот, а не да го зголемат. Со паметно планирање, а не со стихија.

    ПРЕС24: Трет сериозен проблем во градот е чистотата. Кој е вашиот план за почисто Скопје?

    ШУКОВА: Планот за почисто Скопје се базира на системски и долгорочни решенија, а не на ад-хок акции. Чистотата не е само естетика, таа е предуслов за здрав и достоинствен живот, и токму затоа таа ќе биде врвен приоритет. Нашата стратегија опфаќа неколку клучни чекори:

    Целосна реорганизација на ЈП „Комунална хигиена“ преку модернизација со нова механизација, паметни контејнери со сензори – дигитализиран пристап преку ,,Смарт Скопје,,, повеќе претоварни станици, и јасно дефиниран распоред за собирање отпад (по денови и по тип на отпад, вклучително и кабаст и опасен).

    Селекција и рециклирање на отпад, поточно отпадот го третираме како ресурс. Ќе воведеме проширена мрежа на контејнери за одвоено собирање, рециклажни центри, ќе го промовираме рециклирањето како секојдневна навика и ќе почнеме со иницијативи како „градски пазар без органски отпад“.

    Чистење на клучни локации и справување со дивите депонии, со приоритет на расчистување и оградување на Вардариште, воведување 24/7 надзор и целосна забрана за пристап, освен за службите.

    Зголемена инспекциска контрола и нови сервиси, за навремено справување со кабаст отпад и градежен шут, но и со редовно чистење на кејот и коритото на Вардар.

    Јавни акции и едукација со редовни викенд акции во соработка со граѓаните и кампањи за подигнување на свеста за рециклирање и намалување на отпадот.

    Законски измени – ќе иницираме нов Закон за комунална хигиена, со целосна поддршка од Собранието и Владата, за да се постават јасни стандарди и обврски.

    Целта е јасна, Скопје да стане најчист град во регионот, но не со козметика, туку со долгорочна, одржлива и транспарентна политика кон животната средина.

     ПРЕС24: Дали Комунална Хигиена и Паркови и Зеленило треба да се трансформираат во општински претпријатија, или да останат централизирано градско претпријатие?

    ШУКОВА: Комунална Хигиена и Паркови и Зеленило треба да останат централизирани градски јавни претпријатија, но со целосна институционална и техничка реформа, модернизација и зголемена транспарентност.

    Наместо нивна поделба или децентрализација по општини, приоритет е јакнење на капацитетите на овие претпријатија за да функционираат ефикасно и професионално на ниво на целиот град.

    Причините за ова се јасни:

    Сегашната состојба е резултат на лошо управување, што ги доведе овие претпријатија до долгови и нефункционалност, а граѓаните останаа без квалитетни услуги.

    Потребни се системски реформи, нова механизација, јасна организација на работата, воведување на паметни системи (на пример за собирање отпад или управување со зеленило) и подобра координација на градско ниво.

    Целта е овие претпријатија да станат ефикасни јавни сервиси кои одговараат на потребите на сите Скопјани, независно од општината во која живеат. Поделбата по општини би значела фрагментираност и нееднаквост во квалитетот на услугите, што е спротивно на концептот на единствен, функционален и солидарен град.

    ПРЕС24: Урбанизацијата на Скопје. Каква е Вашата политика за развојот на градот?

    ШУКОВА: Мојата политика за развојот на Скопје е базирана на стратегиски и одржлив урбанистички пристап кој што ја става во центарот заштитата на зелените површини и квалитетот на животот на граѓаните.

    На краток рок, ќе се фокусирам на:

    Усвојување на нов генерален урбанистички план (ГУП) кој ќе ја потенцира одржливоста и зачувувањето на јавните простори.

    Воведување дигитални алатки за транспарентно планирање, каде секој граѓанин ќе може да ги следи урбанистичките планови, да предлага измени и да ја следи реализацијата.

    Зачувување на постоечките паркови и зелени површини од дополнителна урбанизација.

    Среднорочно, планирам:

    Изработка на долгорочна стратегија за урбан развој, визија за Скопје 2050.

    Развој на мешовити зони каде што живеењето, работата и рекреацијата се интегрирани.

    Реконструкција и модернизација на постојните јавни објекти, со акцент на енергетска ефикасност и зелени технологии.

    Инсталирање и одржување јавни тоалети за подобрување на јавниот простор.

    Долгорочно, целта е:

    Трансформација на Скопје во функционален град каде услугите ќе бидат приближени до местото на живеење.

    Јасна урбана форма која ги штити природните области како Матка и Водно и ги зачувува градските паркови.

    Развој на одржливи, енергетски ефикасни населби, со интеграција на зелени површини и инфраструктура за еколошки извори на енергија.

    Борба со непланското градење и дивоградбите.

    Дополнително, мојата политика вклучува и активна борба против загадувањето преку координација со општините и сите релевантни сектори, посебно преку контрола на грејната сезона и сообраќајот, како и унапредување на енергетската ефикасност во урбаното планирање. Со овие мерки Скопје ќе се развива брзо, но и одржливо, со повисок квалитет на живот за сите граѓани.

    ПРЕС24: Во кој правец треба да се шири Скопје?

    ШУКОВА: Скопје не треба да се шири по инерција, туку со јасна визија и стратешки пристап кој ќе обезбеди одржлив развој и поквалитетен живот. Наместо хаотично ширење кон природните и заштитени подрачја, урбаниот раст мора да се насочи кон ревитализација на веќе урбанизираните простори, со јасна граница на градската форма и заштита на зелените површини, како што се Матка и Водно. Градот треба да се развива во насока на функционална компактност, со мешовити зони што овозможуваат работа, живеење и рекреација на едно место, што ќе го намали притисокот врз сообраќајот и ќе ја зголеми енергетската ефикасност. Вистинскиот правец за ширење на Скопје не е просторен, туку концептуален, со фокус на одржливост, ефикасност, инклузивност и зачувување на јавниот интерес.

    Оттаму, сметам дека Скопје не треба да се шири стихијно, туку стратешки, согласно долгорочна визија за урбан развој. Основата на таа стратегија е „Визија Скопје 2050“ како долгорочен план што го поставува правецот на раст на градот во рамки на одржлив модел, со јасни урбани граници, заштита на природните подрачја и паркови, и зачувување на зелените површини. Наместо агресивна експанзија, фокусот е на ревитализација на постојните урбани зони, создавање на мешовити простори за живеење, работа и рекреација, и подобрување на квалитетот на јавните простори. Ширењето на Скопје треба да значи подобрување на функционалноста и квалитетот на живот, не загрозување на животната средина или губење на јавниот интерес.

    ПРЕС24: Управувањето со отпад. Градот, државата (владата), или приватен инвеститор е решение за Дрисла?

    ШУКОВА:  Решението за управувањето со отпад во Скопје, вклучително и со депонијата Дрисла, мора да остане во јавна сопственост, под контрола на Градот, во тесна координација со државните институции. Веќе е преземен значаен чекор со враќањето на ЈП Дрисла под надлежност на Градот, што овозможи набавка на нов стерилизатор за третман на медицински отпад, чекор кој директно влијае врз заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.

    Долгорочното управување со отпадот, вклучително и затворањето и рехабилитацијата на депонијата/претоварната станица Вардариште и депонијата Дрисла, е предвидено како дел од регионален систем за управување со отпад, поддржан од ЕУ и државата. Овој систем предвидува создавање на регионално претпријатие, што дополнително потврдува дека решението не е во приватизација, туку во институционална соработка, транспарентност и одржливо управување.

    Приватниот инвеститор не е прифатливо решение, особено кога станува збор за јавно здравје и животна средина. Целта е развој на циркуларна економија, намалување на отпадот што оди на депонии и користење на отпадот како ресурс, што може да се реализира само преку системски пристап предводен од јавни институции со капацитет и јасна стратегија.

    ПРЕС24: Имате ли идеја како Скопје да стане град со нула отпад на улица?

    ШУКОВА: Да, постои јасна идеја како Скопје да стане град со нула отпад на улиците, и тоа преку системски, одржлив и сеопфатен пристап кој ги вклучува градските институции, но и граѓаните.

    Најпрво, клучна е редовната и ефикасна услуга за собирање на отпадот, со транспарентен распоред достапен за сите граѓани. Паралелно со тоа, мора да се прошири мрежата на контејнери, вклучувајќи и оние за селекција на отпад по видови, што директно го намалува количеството отпад на улиците. Предвидувам и целосна реорганизација на ЈП Комунална хигиена, со нова опрема што вклучува и нови возила, паметни контејнери и нови сервиси за кабаст отпад, градежен шут и отпад од угостителски и деловни субјекти. Дополнително, воведувањето на системи за поврат на пластични шишиња и лименки и програми за компостирање на органски отпад ќе помогнат отпадот да се намали уште од изворот.

    Но најважно е отпадот се третира како ресурс, а не како проблем. Тоа значи постепено воведување на исплатлива, циркуларна економија, со изградба на модерен рециклажен центар, нова претоварна станица во Вардариште, и на крај, елиминирање на отпадот што завршува на депонии до 2040 година. Секако, ова нема да биде можно без свесност и учество од сите граѓани, за што се предвидуваат постојани кампањи за едукација и вклучување на заедницата. Само со ваков заеднички, структуриран пристап, Скопје може да стане град без отпад на улиците.

    ПРЕС24: Постоечката локална организација. Дали треба да се менува и во кој контекст? Начин на финансирање, начин на избор на претставници, територијално? Поголема централизација, или поголема децентрализација?

    ШУКОВА: Постоечката локална организација на Скопје е зрела за промени, со јасна потреба за поголема децентрализација, но и за подобра координација и интеграција меѓу градот и општините. Главната цел е создавање на функционален, транспарентен и финансиски одржлив модел на локална самоуправа кој ќе биде поблиску до граѓаните и поефикасен во испорака на услуги. Во контекст на начинот на финансирање, се залагам за развој на нови извори на приходи преку економски активности, користење европски фондови, јавно приватни партнерства и воведување на иновативни финансиски инструменти. Ова треба да ја направи локалната самоуправа финансиски одржлива и независна.

    Што се однесува до начинот на избор на претставници, промовирам транспарентност и отчетност, преку отворени податоци, јавна достапност на информации за буџетите и проектите, како и развој на дигитални алатки за учество на граѓаните во одлучувањето.

    Територијално, не предлагам конкретна реформа, но ставам силен фокус на интеграција на општините во метрополен регион Скопје, со заедничко стратешко планирање и хармонизирани политики. Тоа значи подобра распределба на надлежности, без преклопувања, но со јасни механизми за заедничко дејствување, особено во услуги како јавен превоз, управување со отпад, урбанизам и заштита на животната средина.

    Во суштина, потребна ни е модерна, децентрализирана и соработувачка локална организација, која ќе ги вклучи сите засегнати страни, институции, граѓаните и деловниот сектор, во процесот на креирање на политики и управување со јавните ресурси. Но пред се – потребна е соработка на Градот Скопје со општините во рамки на градот.

    Featured
    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот: Зимското сметање на времето започнува порано

    26.09.2025 во 09:01

    Добри вести за пензионерите: Пензиите се зголемуваат

    26.09.2025 во 13:53

    Паднаа 11 полицајци – МВР утврди пропусти во Велес во постапувањето по пријавите на Росица Коцева

    26.09.2025 во 13:14

    ЕВН најави исклучувања – повеќе општини ќе останат без струја

    26.09.2025 во 09:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.