Јужна Кореја сака законски да спречи јадење на кучиња

Од канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, известија дека го забрануваат јадењето на кучиња во земјата.

Ова претставува традиционална практика која станува меѓународен срам, соопштија од канцеларијата. Долги години, кучешкото месо било дел од јужнокорејската кујна.

Согласно податоците, се верува дека годишно се јадат околу еден милион кучиња, но сега потрошувачката била намалена бидејќи луѓето ги прифаќале како миленици.

„Зарем не дојде време разумно да се размисли за забрана за консумирање кучешко месо? Мун го праша премиерот, Ким Бу-киум, за време на денешната средба, според претседателскиот портпарол.

Законот за заштита на животните во Јужна Кореја е наменет главно да спречи сурово колење кучиња и мачки, но не ја забранува самата потрошувачка.

27.09.2021 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега