Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека јавниот превоз во градот ќе функционира по изменет режим по повод државниот празник Свети Климент Охридски.

Во понеделник (8 декември), автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Во однос на продажните места, дежурна билетарница ќе биде исклучиво таа на Транспортен центар, со скратено работно време од 08:00 до 14:00 часот.

Од ЈСП Скопје истовремено потсетуваат дека Жичарницата до Милениумскиот крст нема да работи, согласно вообичаениот неработен распоред.

Како што се наведува во соопштението, секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за Жичарницата.

Exit mobile version