Поради планирани технички зафати во електросистемот, неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. ЕВН Македонија информира дека екипите ќе работат на мрежата во различни временски интервали.

Распоред на исклучувања за денеска (09.02.2026):

  • Општина Центар:
    • 06:00 – 10:00 часот: ул. „Пајак“ и дел од ул. „Наум Наумовски Борче“ (на потегот од Костарика до Министерството за земјоделство).
    • 09:00 – 12:00 часот: ул. „29 Ноември“ бр. 37.
  • Општина Бутел:
    • 08:30 – 14:30 часот: дел од ул. „Радишанска“.
  • Општина Карпош:
    • 09:00 – 14:00 часот: дел од ул. „Урош Џудовиќ“.

Од ЕВН апелираат корисниците навреме да ги планираат своите обврски согласно наведените термини.

Exit mobile version