Close Menu
Press24
    Најново

    Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор

    24.02.2026 во 20:07

    Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?

    24.02.2026 во 20:04

    Од амбициозни реформи до ненадејно повлекување: Директорката на „Лувр“ поднесе оставка

    24.02.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор
    • Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
    • Од амбициозни реформи до ненадејно повлекување: Директорката на „Лувр“ поднесе оставка
    • Велика Британија со нов пакет санкции кон Русија
    • Адријана Јаневска мета на организиран напад: Пејачката ги демантира гласините за советничките функции
    • ФОТО: Патот кон Теферич затворен за сообраќај – бидете внимателни
    • ДУИ: За Филков, албанскиот јазик во правосудниот испит „не постои“
    • Тетово со нови протоколи по серијата закани за поставени бомби во училиштата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор

    Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор

    24.02.2026 во 20:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Сузана Јошевска-Анастасовска, членка на Судскиот совет, на социјалните мрежи одговори на министерот за правда Игор Филков, кој побара одговорност за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

    „Судија НЕ СМЕЕ да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривична постапка“, напиша Јошевска-Анастасовска.

    Претходно Филков повика на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители итно да свикаат седници за овој случај.

    „Одговорноста за одлуката за куќен притвор мора да биде лоцирана со име и презиме.

    Јавно ги повикувам Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали постои основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител. Институционалната контрола мора да функционира.

    Ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување:

    Јавниот обвинител Даниел Коцев – да објасни врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот.

    Раководителот на обвинителството, Анел Фидоски – дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот?

    Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски – кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно?

    Како министер за правда, дополнително ќе побарам да се изврши вонреден надзор во „Затвор Скопје“, како и во останатите затвори низ Македонија, во однос на безбедносната состојба“, напиша Филков.

    Популарно

    Панчевски: Три пати ме ставија во Шутка поради Заев – Да не му треба и негувателка на Груби?

    24.02.2026 во 10:49

    Платите на функционерите ќе се скратат од 10.000 до 13.000 денари – парите ќе одат за здравството и образованието

    24.02.2026 во 11:59

    Подгответе се: Утре ќе нема струја до 15:30 часот, проверете дали сте на листата за исклучувања

    24.02.2026 во 16:00

    Се огласи Груевски: “Вистината е како шило, ќе боди лево-десно, напред-назад и оп на површина”

    24.02.2026 во 08:37

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.