ЈО: Побаравме од МВР дополнителна документација за дивоградбата кај Мавровка

До МВР е издадена наредба за дополнителни податоци во форма на документација за да се утврди фактичката состојба, велат од обвинителството за Канал 5.

Предметот, додаваат е во фаза на предистрагата и засега нема повикано лице на распит во својство на осомничен.

МВР поднесе пријава откако истрагата покажала оти постојат сомнежи за кривично дело бесправно градење. Од полицијата додаваат дека ќе ја продолжат истрагата кој нелегално почнал да гради кај „Мавровка“, но нема прецизни информации дали истрагата го открила и идентитетот на инвеститорот на дивоградбата.

Во меѓувреме општина Чаир е во потрага по фирма која што ќе го урне бесправно изградениот објект откако на претходно мистериозниот градител на се огласи на јавниот повик за сам да урива, а на пропадна и првиот тендер за избор на компанија за да ја изврши оваа задача.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега