Во рамките на месецот посветен на водите, ЈКП „Водовод“ Битола денеска организираше несекојдневно искуство за учениците. Преку практична и едукативна презентација, младите битолчани одблиску се запознаа со долгиот и комплексен пат кој водата го поминува пред да стигне до нивните домови.
Учениците имаа ретка можност да го видат целиот процес на водоснабдување – од зафатот на сировата вода, па сè до нејзината крајна дистрибуција низ градската мрежа.
„Нашата цел е да создадеме генерации кои ќе знаат да го ценат секој капка вода. Со едукација за процесот на прочистување и анализите на квалитетот, децата директно учат зошто водата е непроценливо богатство кое мораме одговорно да го чуваме“, велат од ЈКП Водовод Битола.

