Јетон Шаќири „удри“ едно селфи со апсолвентите: „Со среќа“ (ФОТО)
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска „удри“ едно селфи со апсолвентите во Тетово. „Фотографијата“ ја објави на социјалната мрежа Фејсбук и напиша „Со среќа нека е“.
Универзитетот во Тетово денес организираше свеченост за промоција на апсолвентите од академската 2021/2022 година. Апсолвентите од 13 факултети кои го завршуваат високото образование беа претставени пред нивните семејства и гости на свеченоста која заврши на традиционалниот начин со фрлање на капите во воздух.
-Оваа академска година на сите факултети на овој универзитет студиите ги завршија значителен број дипломци. Дипломирањето на нашите студенти е голем настан, сведоштво за важниот напредок на високото образование. Тетовскиот универзитет е дел од нашата понова историја и даде извонреден придонес за нас, истакна ректорот Вулнет Амети.
Министерот за образование Јетон Шаќири, им порача на студентите дека овој ден значи дека достигнале една цел и да не се откажуваат барајќи го тоа што го сакаат.
-Ако не можете да ги правите малите работи како што треба, никогаш не можете да ги правите големите работи. Станете херои на вашиот живот, учете од секоја грешка затоа што секое искуство, можност, е прилика да научите уште повеќе. Не правете компромиси со она што сакате да го правите, порача министерот.
Студентката Калтрина Ручи од Правен факултет како првенец на генерација се обрати во име на студентите.
– Сите се собираме денес на овој Универзитет, по завршувањето на студиите. После четири години до овој момент стигнавме со оглед на поддршката на нашите родители и од професорите кои ни овозможија да бидеме таму каде што сме денес, рече Калтрина Ручи.
Ова е 27-ма генерација која дипломира на Универзитетот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа