Close Menu
    Најново

    Јаревски за лидерската средба: СДС избра погрешна стратегија

    15.01.2026 во 09:46

    Ристески: Местото на СДСМ беше на лидерската средба

    15.01.2026 во 09:39

    СДСМ: Техничката влада мора да остане

    15.01.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Јаревски за лидерската средба: СДС избра погрешна стратегија
    • Ристески: Местото на СДСМ беше на лидерската средба
    • СДСМ: Техничката влада мора да остане
    • Дневен хороскоп: Потребни се мали промени кај Лавот, Рибите ќе направат важен чекор напред
    • САД го запираат издавањето имигрантски визи за Македонци, на листата се 75 држави
    • ЕВН најави исклучувања – ќе нема струја до 15:30 часот
    • Набиена агенда во Собранието: Четири комисии ќе расправаат за нови закони, заеми и социјални реформи
    • Времето денеска сончево со температури до 14 степени, за викендот пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Јаревски за лидерската средба: СДС избра погрешна стратегија

    Јаревски за лидерската средба: СДС избра погрешна стратегија

    15.01.2026 во 09:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Типично бегање од одговорност, кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет нормално е дека ќе бараат начин како да избегнат соочување или размена на аргументите и фактите. Што повторно ќе укажам, мислам дека тоа е погрешна стратегија, истакна пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во вчерашното гостување во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс посочувајќи на одлуката на опозициската СДС за изолација, по повод одржувањето на вчерашната лидерска средба иницирана од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    Јаревски укажа на отворениот простор за дискусија кој го оставија премиерот Мицкоски и Владата, за сите прашања и сите теми, без однапред утврден дневен ред за лидерската средба, воедно потсетувајќи и на принципиелните и конзистентни ставови на ВМРО-ДПМНЕ по однос на земањето предвид на сите можни мислења и предлог решенија кои би креирале подобра иднина за државата.

    „Ете и денес се потврди уште еднаш, вие со сила на човек можете да земете не можете да дадете, просторот за дискусии стои, беа поканети сите лидери и претставници на политички партии коишто имаат пратенички групи во рамките на Собранието, верувам дека секоја таква средба може да донесе само позитивен исход“ и додаде:

    „Не станува збор само за државнички одлуки станува збор за одговорен или неодговорен пристап кон раководењето и учеството во раководењето на државата. Не се само критичните моменти каде што треба да имаме општ консензус за работите. Секогаш треба да се има инклузивен пристап и инклузивен процес во однос на размислувањата“, потенцираше Јаревски.

    Притоа Јаревски осврнувајќи се на опозициската СДС и нивната изолираност од политичкиот дијалог на актуелната лидерска средба, посочи дека истата е доказ за нивниот неодговорен пристап и деструктивност изразена преку избегнување од соочување со дискусии, разговори и аргументи.

    „За жал оваа опозиција продолжува со нивниот неодговорен однос, тие дејствуваат во некоја зона којашто веќе е многу тенка линијата со реалноста, тоа го докажаа и во расправите претходно на пленарните седници, избегнуваат расправи многу често и во рамките на Комисиите, ретко ги гледаме и во дебатните емисии или се поретко се појавуваат и се надевам дека тоа не е некоја нивна политика или нивна стратегија бидејќи тоа не води кон ништо“, заврши Јаревски.

    Популарно

    Грчкиот министер: Нема веќе затворање на граничните премини, економијата трпи огромни штети

    14.01.2026 во 16:57

    Грипот зема замав во Македонија: Почина жена, двајца пациенти се во критична состојба

    14.01.2026 во 16:40

    Дневен хороскоп: Јарците градат стабилно, Биковите се ослободуваат од старите шеми

    14.01.2026 во 23:37

    Времето денеска сончево со температури до 14 степени, за викендот пресврт

    15.01.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.