Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаревски: Владата преку ребалансот ја намалува невработеноста и го поттикнува бизнисот

    Јаревски: Владата преку ребалансот ја намалува невработеноста и го поттикнува бизнисот

    04.07.2026 во 14:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Оваа недела бевме сведоци токму од податоците што ги добивме од подготовката на материјалите од Владата и од Министерството дека Македонија забрзува. Имаме податоци за раст на БДП од 3,1 каде што сите оние потребни документи ни укажуваат дека ќе имаме до 3,5 до крајот на годината. Вкупни приходи од 374,9 милијарди коишто ќе бидат зголемени на 379,5 милијарди, зголемување од 4, а 575 милијарди или 4 милијарди 575 милиона, 1,26 зголемување. Вкупните расходи исто така ќе бидат зголемени благодарејќи на поголемата ефикасност и исполнителност на институциите“, истакна Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и Буџет.

    Јаревски истакна дека Владата преку ребалансот на Буџетот продолжува да спроведува мерки насочени кон намалување на невработеноста и поттикнување на самовработувањето. Тој посочи дека се отворени 18.000 нови работни места, невработеноста е намалена на 11,3 проценти, а големиот интерес за Оперативниот план, со повеќе од 3.000 апликации за самовработување, покажува дека граѓаните ги препознаваат можностите за започнување сопствен бизнис преку државната поддршка.

    „Денес имаме наместо протести, наместо социјален немир и незадоволство 18,000 нови работни места створени од оваа Влада. Невработеност којашто е речиси едноцифрена. Денес кога ова го говориме 11,3% , но во исто време можеме да укажеме на неколку мерки што исто така ќе бидат поддржани со Буџетот и ребалансот на истиот коишто гарантираат дека таа дополнително ќе се намалува. Ќе ја споменам една од последните како што е оперативниот план. Веќе имаше повеќе од 3,000 апликации за самовработување. Мерки со коишто на секој еден самовработен до 29 години се нудат можности за финансирање од 10,000 евра доколку се двајца до 14,000 евра. Но исто така беа опфатени оние коишто се постари од 29 години, а имаат иницијатива, имаат идеја. Оваа Влада, ова мнозинство прави услови, прави начини како нив да им овозможи не само да преживеат за егзистенција како што бевме научени претходно од времето на СДС со некакви сомнителни субвенции, туку да ги научи да генерираат,  да отворат свој бизнис и истиот да го развиваат“ посочи Јаревски.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.