Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски и се осврна на донесените одлука од страна на Владата за намалување на ДДВ-то за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, се со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија. Пратеникот Јаревски истакна дека Владата успешно се справува со предизвиците од глобалната економска криза и додаде дека снабдувањето со горива се одвива непречено и без прекини.
„Она што се укажа дека намалувањето од 18 на 10 отсто е првиот чекор, доколку има понатаму потреба ќе се намали и до 5 отсто. Паралелно со тоа, Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство покрај серијата на чекори што ги направи во изминатиот период исто така премина кон разговори со дистрибутерите на нафта, со цел да имаме дополнителен попуст на маржа од 2-3 денари. Практично барем во овој најсериозен бран да имаме состав во кој цените на горивата нема да бидат поскапени“, рече Јаревски.
Јаревски додаде дека државата останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот потенцирајќи дека се потврдува ефикасноста на преземените мерки како и стабилноста на енергетскиот систем. Тој нагласи дека приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилност на економијата.
- Во Колумбија се урна авион со 110 војници
- Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
- Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
- Трамп оптимист за договор со Иран: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум
- Jаревски: Стабилизирани се цените на горивата, приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните
- Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
- Калас ја поздрави најавата дека нема да има напади врз енергетската инфраструктура на Иран
- Ефект „Трамп“ на берзите: Нафтата поевтинува, акциите во нагорен тренд


