Кралицата Камила (78) се одлучи за популарен козметички третман, тетовирање на веѓи. Таа го покажа својот нов изглед, кој вклучува пополни и подефинирани веѓи, претходно оваа недела, а постапката ѝ ја довери на познатата лондонска експертка Сузан Мартин.

Третманот чини 1.870 долари (околу 1.720 евра) и е дизајниран да постигне што е можно поприроден изглед.

Постапката, наречена Couture Brow, вклучува цртање на секое поединечно влакно на кожата со помош на специјално пенкало за тетовирање. Пред третманот, секој клиент поминува низ детална консултација и избор на нијанса, а пигментот се инјектира веднаш под горниот слој на кожата. Третманот се изведува во две сесии од 90 минути, а за да се одржат резултатите, се препорачува освежување на секои осум до десет месеци по цена од 1.070 долари (околу 980 евра).

Покрај кралицата Камила, Мартин работела и со ѕвезди како Дуа Липа и Ели Гулдинг.

Веѓите на Камила изгледаат значително потемни во последните денови, што е нормално веднаш по третманот. Имено, бојата на тетовираните веѓи првично е најинтензивна, а со текот на времето бледнее до посакуваната, поприродна нијанса.

Exit mobile version