„Расправата за буџетот би требало да биде конструктивна, но за жал имаме една опозиција која што самата одлучи да стои во свој свет. Со жалење констатирам дека иако би требало ова да биде еден наш свет во кој што ќе ги дефинираме работите како ќе се движат во 2026-та година, тие упорно сакаат да стојат од страна, да нема суштинска расправа и да се свижат по нивната неразбирлива патека“.

Ова во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски го истакна пратеникот Тони Јаревски.

-Во таа одлука тие се осамени. Ние наместо да говориме за проекти, за реализација, за можности за подобрување, на зголемување на ефикасноста или ефективноста на институциите преку програмите опфатени во буџетот, ние сме сведоци на поранешни функционери да зборат за УЧК, како да се уништи македонскиот спорт или работи кои не придонесуваат за квалитетна расправа, рече тој.

Јаревски посочи дека треба да има луѓе кои немаат исто мислење и имаат различен пристап, но целите за напредок треба да бидат заеднички.

-Ако напредува државата-напредуваме сите, ако уназадува државата-уназадуваме сите, вклучително и следните генерации. Бевме сведоци на одредени настапи од страна на опозицијата каде што се гледа жарот и очајничката желба за неуспех. Добро е што сите показатели го докажуваат спротивното, рече пратеникот.

Exit mobile version