Јанушев: Здравствениот кадар ќе го вратиме со зголемување на платите, нови болници и подобри услови

На денешната дебата во „Отворено студио“ во Телевизија 24, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на листата на пратеници во Третата изборна единица, Игор Јанушев истакна здравствениот кадар ќе го вратиме со зголемување на платите, нови болници, подобри услови и контитуирано инвестирање во здравствениот систем и човечкиот капитал.
-Контитуирано ќе инвестираме во човечкиот капитал во здравството, зголемување на платите, не како што лаже актуелната власта, туку вистинско инвестирање во здравствениот кадар, како начин да се вратат лекарите, истакна Јанушев.

Тој рече дека еден од главните столбови на програмата е да се овозможи здравство кое ќе биде на ниво на развиени земји, каде секој граѓанин со задоволство ќе отиде во државното здравство, а не по секоја цена да се лечат граѓаните на приватно.

Јанушев вели дека ќе им се овозможи на лекариите во државното здравство да работат и приватно за да може да остваруваат и дополнителен приход и ќе се однесува на целовкупниот медицински персонал.

Во однос на инфраструктурата Јанушев вели дека се најавени и четири нови клинички болници, што во следниот четири годишен мандат ќе бидат завршени.

-Една од тие клинички болници е во западниот дел од државата во Тетово, две се во Скопје, имено конечно ќе ја видиме новата Клиничка болница во Скопје, онаа што СДСМ ја изнашета по цело Скопје и ги прекрши сите рокови кои беа дадени. Предвидуваме и Општата градска болница „8ми септември“, како и изградбата на Универзитетската клиничка болница во Штип, како и санација на неколку општи болници, вели Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега