Јанушев: Ветуваме навремена исплата на субвенциите и гарантиран откуп на земјоделските производи

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изборната единица 3, Игор Јанушев денеска го посети Свети Николе каде што истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ формира Влада ќе се залага за навремена исплата на субвенции на земјоделците и сигурен откуп на земјоделските производи.

– Се среќаваме со граѓаните, ја презентираме нашата програма заедно со кандидатите за пратеници Благица Ласовска и Иванка Василевска. Она што го гледаме веќе низ цела Македонија го гледаме и овде во Свети Николе, а тоа е огромната поддршка од населението која е се поочигледна. Луѓето ги интересира да знаат што ќе направиме во следните четири години, па затоа чест ми е повторно од овде, од Свети Николе да кажам дека покрај оние генерални големи проекти што ќе се одвиваат нормално за сите 20 отсто зголемување на пензиите или околу 3.500 денари за секој пензионер повеќе. 25 отсто  зголемување на платите за сите вработени, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека она што е битно за Свети Николе е проектот за гасификација и природен гас до секој еден дом, и тоа со бесплатен приклучок за секој еден граѓанин.

– Свети Николе како земјоделски крај, луѓето се интересираат за земјоделските мерки што ги планираме во следните четири години да ги имплементираме односно да им ги овозможиме на земјоделците. Она што го гледам како најголем проблем е ненавремената исплата на субвенциите. Голем дел од луѓето се жалат дека немаат добиено субвенции уште од 2019-тата година, рече Јанушев.

Јанушев побара поддршка од жителите на Свети Николе. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега