Јанушев: Се изморивме од овие црнила, ни треба oбнова!

 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници цво ИЕ3, Игор Јанушев преку фејсбук статус побара одговорност од Заев и СДСМ за предметот „Рекет“, притоа потенцирајќи дека  на 15 јули народот ќе ги испрати во политичка пензија.

„И покрај тврдењето на Боки 13 дека парите од рекетите што се прават во Македонија треба да се бараат кај браќата Заеви, истите тие Заеви се уште не сносат никаква одговорност. Тие се заштитени, нив никој ништо не им може. Тоа се луѓе до кои ништо не допира затоа што го држат во заложништво целиот систем.

Но, ВМРО-ДПМНЕ знае дека на 15 јули единствениот што може нешто да стори е народот. Народот ќе ги испрати во политичка пензија, да одговараат за сите злодела.
Доста беше! На Македонија и се потребни нови луѓе, стручни и компетентни кои за својот народ го мислат само најдобро.
Се изморивме од овие црнила, ни треба Обнова!“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега