Јанушев од состанокот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ: Ги информирав колегите за претстојните избори

„Денес присуствував на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE Parliamentary Assembly) кој се одржа во Собранието на Република Македонија, во рамките на 30-от Министерски совет“, пишува на ФБ, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Како шеф на делегацијата во ПС на ОБСЕ, со особена чест и задоволство ги пречекав Претседателката и Генералниот секретар на ОБСЕ, г-ѓа Пиа Каума и г-дин Роберто Монтела, како и колегите пратеници од Австрија, Кипар, Велика Британија, Шпанија, Украина, Германија, Шведска, Романија, Азербејџан, Чешка и Ерменија.
На работниот состанок разговаравме за тековните и идни активности на ПС на ОБСЕ, а оваа прилика ја искористив да ги информирам колегите за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за претстојните избори и идното делување на ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта во Република Македонија“, се наведува во објавата на Јанушев на ФБ.

29.11.2023 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега