Јанушев: Обновата доаѓа, доста е од криминалното владеење на Заев и СДСМ
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска беше во посета на Велес.
Тој истакна дека една од разликите во оваа предизборна кампња ќе биде поголемото присуство со штандови.
-Бидејќи сепак треба да внимаваме и да се придржуваме цело време кон мерките за заштита од корона вирус. И ова ќе биде еден од начините каде што ќе се обидеме да се претставиме и дојдеме до граѓаните и да го побараме секако нивниот глас. Во однос на првиот дел на прашањето како подготовки за кампањата, како што веќе сте сведоци во целиот изминат период дадов збор дека ќе ги посетам сите општини во изборната единица 3, половината се веќе посетени. И еве сум денеска во родниот Велес. Исто така ќе ги посетам и општините Чашка и општината Градско, истакна Јанушев.
Тој им порача на велешани дека обновата доаѓа, дека овој период од три години каде Заев и СДСМ едноставно не натераа како народ да ја виткаме кичмата, да си го погазиме достоинството завршува тука.
-Доста е. Имаме квалитетни луѓе, имаме лидери кои што ќе ја водат оваа држава кои што знаат како треба. Овде со мене е Игор Здравковски кандидатот за пратеник од градот Велес, кандидатот за пратеник во изборната единица 3, педагог кој што својот живот го поминал посветувајќи се на работа со најмладите. Луѓето кои што се на листите во изборната единица 3, но и останатите изборни единици се луѓето кои што ќе ја донесат победата на овие избори кои што на граѓаните на Република Македонија ќе им дадат нова надеж, но и во следната година со сите проекти кои што ги предвидуваме во програмата дали е тоа експресниот пат, односно автопатот од Велес преку Прилеп до Битола, до границата со Грција. Дали е тоа преку зголемувањето на платите, пензиите, намалувањето на даноците, циклусот од 4 милијарди евра инвестиции кои ги најавивме за следните 4 години ќе придонесеме за живот на граѓаните во Република Македонија го заслужуваат навистина, нагласи Јанушев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа