Јанушев: 6.2 милиони евра државен тендер за финансиер на СДСМ, Мафијата на Заев заработува од поскапата струја

 

-Поминаа дваесетина часа од протестот против поскапувањетона струјата на која ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата и граѓаните побараа неколку работи. Прво поевтина струја и секако професионализација на регулаторната комисија и оставка на партиските инсталации во комисијата на чело со претседателот Марко Беслимоски, изјави на денешната прес конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Имаме апсолутен молк од владата, Зоран Заев и неговите инсталации во Регулаторната комисија.
Зошто е таков отпорот од власта и мафијата на Заев во однос на нашите барања за покачување на цената на струјата? Имаме молк затоа што имаат бизнис интерес од тоа. Еве и како.Вчера бизнисменот Силјан Мицески јавно кажа дека бил финансиер на СДСМ. Тоа никаде го нема во финансискиот извештај на СДСМ. Но затоа истиот ден кога тоа го кажа се појави овој документ.Ова е Договор за коп на јаглен со РЕК Битола вреден 6 милиони и 250 илјади евра. Значи, финансиерот на СДСМ кој сам си кажува дека ги финансирал, а притоа никаде го нема тоа во извештајот на партијата, си добил работа од 6 милиони 250 илјади евра од РЕК Битола за ископ на јаглен, истакна Јанушев.

Тој додаде дека поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси.

-Затоа, ние продолжуваме со протест и утре пред Регулаторната комисија со почеток во 14 часот, еден час со автомобили ќе ја блокираме раскрсницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија. Протестот ќе започне пред Палома Бјанка.Овој протест е насочен кон владата и Мафијата.Поскапата струја значи посиромашен народ, заклучи Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2020 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега