Универзитетите што ќе покажат најдобри резултати ќе добијат најмногу средства од државниот буџет, најавува министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

– Ќе се обидеме заедно со групата со која работиме да најдеме начин универзитетите да добијат развојна компонента. Оние што ќе имаат најдобри резултати да добијат поголем буџет за  разлика од оние кои нем ада покажуават резултаи да добијат помал буџет годишно што го дава државата. Ќе се потрудиме да обезбедиме соодветен кадар според систематизацијата на факултетите, универизтетите, ќе ја зајакнеме контролата во приватните универзитети за кои сме свесни дека не продуцираат квалитетн када, ќе ги зголемиме студентските права, изборите на раководните функции во универзитетите ги демократизраме, рече вечерва Јаневска, во интервју на ТВ Телма.

Таа најави дека Министерството за образование наскоро ќе објави нова драфт верзија на концепцијата во гимназиското образование, во насока на негово прилагодување со соверемните текови во општеството.

– Ќе имаме нова концепција за гимназиското образование, многу бргу ќе понудиме нова драфт верзија и ќе ја ставиме на дискусија. Ако не биде до крај на годинава тоа ќе биде во јануари, рече Јаневска 

Истакна дека концептот треба да биде прифатен од мнозинството чинители во образованието за да се применува.

Exit mobile version