Владата е во секојдневна комуникација со Брисел за решавање на проблемот со системот 90/180 дена кој ги блокираше превозниците, но не сме задоволни од брзината со која ЕУ реагира, порача министерот Тимчо Муцунски. Тој откри дека македонската дипломатија веќе координира заеднички настап со министрите од Србија, Црна Гора, Албанија и БИХ за да се спречи економски колапс во регионот.

„Ова прашање е подигнато на највисоко ниво, директно до Урсула фон дер Лајен. ЕУ мора да покаже искреност – ако сакаат интеграција на Балканот, не смеат да дозволат мерки кои ќе ги уништат синџирите на снабдување“, изјави Муцунски. Министерот нагласи дека Владата активно работи на случајот уште од септември, нудејќи конкретни модели по кои возачите би се третирале како професионалци, а не како туристи.

Exit mobile version