Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати срдечна честитка до српскиот народ по повод големиот духовен и национален празник Свети Сава. Во својата порака, премиерот истакна дека овој ден е симбол на мудроста и државотворноста, вредности кои се инспирација за изградба на праведно општество.

„Наследството на Свети Сава претставува темел врз кој се изградени вредностите на образованието, верата и културата. Нека пораките на овој голем светител придонесат за заемна почит и дијалог“, порача Мицкоски. Тој додаде дека празникот треба да послужи како поттик за понатамошно унапредување на пријателските односи и соработката меѓу народите.

Exit mobile version