Close Menu
Press24
    Најново

    Зелени предели, историја и вера: Велигденските празници можат да се прослават и во Туркије

    10.03.2026 во 12:35

    Тетовец приведен на патот Дебар-Струга: Возел камион иако имал активна забрана, полицијата му го одзеде возилото

    10.03.2026 во 12:29

    Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    10.03.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зелени предели, историја и вера: Велигденските празници можат да се прослават и во Туркије
    • Тетовец приведен на патот Дебар-Струга: Возел камион иако имал активна забрана, полицијата му го одзеде возилото
    • Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
    • Коста: Русија е единствениот вистински победник од војната на Блискиот Исток
    • Минчев: Знаењето на службениците е инвестиција, а не трошок
    • Лефков: СДСМ тоне како брод со кој управува кој стигне
    • Дојава за бомба во училиште во Кочани – евакуирани учениците и вработените
    • СДСМ: На Мицкоски му одговара поскап бензин
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Преку развој на формалното и неформално стручно образование го подобруваме пазарот на труд и ја јакнеме економијата

    Јаневска: Преку развој на формалното и неформално стручно образование го подобруваме пазарот на труд и ја јакнеме економијата

    15.11.2025 во 14:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Македонија има квалитетен систем на формално стручно образование кој во соработка со бизнис секторот продуцира кадар што му е потребен на стопанството. Тој систем постојано се надградува и неодамна се формирани седум регионални центри за стручно образование и обука, а паралелно фокусирани сме и на развој и промоција на неформалното образование и обука меѓу повозрасната популација за да продолжиме да го намалуваме јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Овие два сегменти ќе бидат во фокусот на нашите образовни политики и во периодот што следи.

    Ова го посочи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, говорејќи како еден од панелистите на денешната дискусија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење, што се одржа во рамки на третиот „Глобален конгрес за население, здравје и развој на човечки капитал“ во Каиро.

    Јаневска нагласи дека државата спроведува успешна инклузивна политика во формалното образование, но дека и неформалното образование треба да се практикува како концепт на доживотно учење, заради континуиран личен развој и постојано напредување во работата.

    – Предизвик е што 25% од популацијата во Македонија на возраст од 25 до 64 години одлучува да се надградува постојано во текот на животот, да ги развива стекнатите вештини за да обезбеди работен ангажман или да напредува во работата. Нашата интенција е да го достигнеме европскиот просек кој изнесува 47% и затоа усвоивме ново поефективно законско решение, нова Стратегија за образование на возрасните и преку промотивни активности ги поттикнуваме да продолжат да се едуцираат, да ја зголемат својата вработливост и да бидат повеќе конкурентни на пазарот на трудот“, рече Јаневска.

    Министерката посочи дека државата во соработка со Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија изработи Стратегија за паметна специјализација која укажува во кои области државата има потенцијал за развој и во таа насока Владата ги канализира човечките ресурси и инвестициите. Стручното формално и неформално образование помагаат за успешна имплементација на овој стратешки документ со крајна цел за економски напредок на Македонија.

    Соговорници на настанот беа египетскиот заменик министер за образование и стручна едукација, проф. Ајман Баха, генералниот секретар на Националниот одбор на универзитети, проф. Мустафа Рифат, како и претставници на УНИЦЕФ и Светска банка.

    Јаневска присуствуваше на повеќе други панел дискусии и презентации во рамки на „Глобалниот конгрес за население, здравство и развој на човечки капитал“ а оствари и средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур со кого е договорено формирање на работно тело со претставници на двете држави што ќе дефинира конкретни активности кои ќе ја продлабочат билатералната соработка во високото образование и науката.

    Популарно

    Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи

    10.03.2026 во 08:18

    Премиерот Мицкоски во Кучевишка Бара

    10.03.2026 во 08:13

    Иран ги прекинува сите преговори со САД: Имаме премногу горчливо искуство, војната ќе го запали целиот регион

    10.03.2026 во 09:41

    Турција под ракетен напад од Иран: Распоредени системи „Патриот“ откако НАТО пресретна две балистички ракети

    10.03.2026 во 09:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.