Јаневска: Предавничката власт дозволува историјата да ја пишуваат Бугарите, а го крати и фондот на часови по македонски јазик

 
Претседателката на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска кажа дека на 12 јули кадар на ДУИ усвоил нов наставен план за основно образование со кој изучувањето на македонскиот јазик во второ одделение се намалува од 6 на 5 часови неделно.

„Денес ве потсетуваме на трагикомичната реформа на Мила Царовска за основно образование, наречена Концепција. Министерот Јетон Шаќири и покрај неприфаќањето на Концепцијата од најрелевантните институции и широката наставничка јавност упорно решил да ја спроведува. Во врска со тоа СДСМ и нивните коалициони партнери направија нов катастрофален потег. Тивко и подмолно забиваат нож во грб, како што им доликува на предавниците кои за жал, отсекогаш ги имало на ова поднебје низ историјата.
 
Сега на сите им е јасно зошто толку оспоруваната концепција требаше да биде прифатена, а и спроведена. Ненародната власт на СДСМ и ДУИ, прави силни напори да се додвори на Бугарија и презема активности што секако, одат на штета на Македонците и македонскиот идентитет“, вели Јаневска.
Дали премиерот Ковачевски како Македонец со бетониран идентитет чувствува некаква грижа и болка тоа што идните поколенија, освен што ќе треба да изучуваат изобличена и неточна историја напишана во учебниците по мерка на Бугарија, ќе имаат и помалку часови да му се посветат на својот мајчин јазик, прашува претседателката на Комисијата за образование и наука н ВМРО-ДПМНЕ.

Јаневска вели дека со овој потег не се заштитува македонскиот идентитет и македонскиот јазик, како што тврди власта.

26.07.2022 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега