Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување
    • „Сакам….“ Ведрана собра 17.000 евра откако дозна за тешка дијагноза: Вака сакаше да умре
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС создава паника и дезинформации наместо да води одговорна политика
    • ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат
    • Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места
    • Трагедија на романскиот брег: Двајца браќа се удавија пред очите на својата сестра
    • СДСМ: Во Скопје долго се чека за прскање против комарци
    • Го фатиле со дрога – Апсење во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска откри каде ќе завршат парите од ЕУ: Министерството за финансии ќе одреди колку ќе добие образованието

    Јаневска откри каде ќе завршат парите од ЕУ: Министерството за финансии ќе одреди колку ќе добие образованието

    22.05.2026 во 13:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европските средства кои нашата земја ќе ги добие како признание за исполнетите реформи ќе бидат префрлени во централниот државен буџет.

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пред почетокот на одбележувањето 77 години од постоењето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје појасни дека крајниот збор за распределбата ќе го има друг ресор.

    „Средствата што ќе ги додели Европската Унија за исполнување на чекорите од европската агенда во најголем дел ќе одат во буџетот на државата, а за тоа колку од тие средства ќе бидат наменети за Министерството за образование и наука ќе одлучи министерката за финансии. Длабоко верувам дека ќе има разбирање бидејќи имаме дополнителни чекори што треба да ги исполниме, а за кои не се потребни значителни средства, со цел повторно да можеме да добиваме средства од Европската Унија“, рече Јаневска.

    Во однос на проблемот со масовното заминување на студентите во странство, особено во Словенија, министерката нагласи дека се подготвува нов закон кој ќе донесе крупни промени во високото образование.

    Властите планираат модернизација на студиските програми, воведување модуларно учење и директно фаворизирање на најдобрите академски кадри при вработувањето.

    „Еден од чекорите е подобрување и модернизација на студиските програми на нашите универзитети, при што со новиот закон се предвидуваат промени во високото образование, на пример, модуларност при учење, поттипнување интердисциплинарни студии, кои се соодветни на пазарот на труд, како и разгледување на квотите за упис на одредени универзитети и факултети… Се обезбедуваат и значителен број стипендии за студентите и таа пракса ќе продолжи. Сметаме дека се потребни разни типови стипендии во зависност од потребите на студентите… Работиме и на подобрување на поврзаноста меѓу образованието и пазарот на труд, со цел студентите побргу да се вклучат во работниот процес. Новиот закон предвидува и приоритет за најдобрите студенти при вработување на универзитетите. Се преземаат повеќе чекори во оваа насока“, рече Јаневска.

    Таа информираше дека државата конечно почнала да инвестира во руинираниот студентски стандард, посочувајќи дека првите два објекти се веќе комплетно подготвени.

    Реконструкцијата на преостанатите капацитети во земјава е планирана да започне во текот на есенските месеци.

    „За за cartoonist, во изминатите години ниеден студентски дом не беше реновиран, а сега веќе имаме два реновирани, кои од октомври ќе примаат студенти според европски стандарди. Од октомври почнуваме со реновирање на другите седум, што значи за една и пол до две години студентите ќе имаат навистина европски услови, каде што ќе може да учат и да живеат, односно да имаат пристоен живот додека студираат“, изјави Јаневска.

    На крајот, Јаневска се осврна на критичарите на реформите и гласините во јавноста кои се однесуваат на наводното кратење на студентската поддршка.

    Министерката со конкретна анализа од изминатите пет години образложи зошто одредени средства за социјални категории останувале неискористени во минатото.

    „За жал, постојат дезинформации иако имаме јасни показатели за спроведените реформи. Сè уште има мал дел од јавноста што верува во таквите дезинформации, иако претходно постоеше можност да се направат овие промени, но тоа не беше сторено. Измените и дополнувањата на законите носат придобивки за студентите. Во однос на прашањето за стипендиите, сакам да појаснам дека бројот на стипендии не се намалува. Напротив, врз основа на направена анализа за изминатите пет години, утврдивме дека речиси 400 стипендии наменети за социјални категории не биле искористени. Причината е што бројот на студенти што ги исполнуваат условите за овие категории бил помал, па тие стипендии останувале недоделени. Врз основа на овие анализи преземаме мерки за поефикасно користење на средствата“, додаде Јаневска.

    Прочитај повеќе

    Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места

    18.08.2026 во 10:03

    Цената на нафтата скокна

    18.08.2026 во 09:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.