Нова повеќенаменска спортска сала денес започна да се гради во склоп на основното училиште „Братство“ во општина Карпош, а камен темелникот го поставија премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот Сотир Лукровски. Станува збор за инвесиција во вредност од 64 милиони денари, обезбедени од страна на Владата, преку повикот за финансирање на капитални проекти на општините.
Во обраќањето на настанот, министерката Јаневска рече дека околу 70 инфраструктурни проекти во областа на образованието во моментов се реализираат во општините низ Македонија. Дел ги финансира Министерството за образование и наука, а дел Владата која обезбеди поддршка за капитални проекти на локалните самоуправи.
„Еден од тие проекти е и оваа повеќенаменска спортска сала. Прилично голема, 1400 квадратни метри со трибина со 400 седишта. Му честитам на општинското раководство, на учениците, наставниците и на жителите од оваа населба, затоа што за отприлика една година ќе добијат современ спортски објект кој освен училиштето, ќе може да се користи и за комерцијални цели – за официјални натпревари, тренинзи, спортско – културни манифестации и така натаму“, рече Јаневска.
Информираше дека преку министерството, во моментов во општина Карпош се прошируваат капацитетите на ОУ „Димо Хаџи Димов“ со доградување на 6 училници, а наскоро ќе започне и доградба на 4 училници во ОУ „Петар Поп Арсов“, за да се овозможи едносменска настава.
„Инфраструктурата, заедно со учебниците, наставните програми и мотивиран наставен кадар се основни предуслови за квалитетно образование“, додаде министерката.
- Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
- Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
- ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
- МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
- Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
- ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
- Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
- Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација

