Close Menu
    Најново

    ФБИ спречи терористички напад во Северна Каролина – уапсен тинејџер

    02.01.2026 во 21:04

    МВР со нови детали: Загинатите се од гостиварско Видуше – телата предадени на обдукција

    02.01.2026 во 20:59

    Сопственикот на кафулето во Швајцарија проговори: „Не можеме ниту да јадеме, ниту да спиеме“

    02.01.2026 во 20:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ФБИ спречи терористички напад во Северна Каролина – уапсен тинејџер
    • МВР со нови детали: Загинатите се од гостиварско Видуше – телата предадени на обдукција
    • Сопственикот на кафулето во Швајцарија проговори: „Не можеме ниту да јадеме, ниту да спиеме“
    • Силен земјотрес од 6,5 Рихтер го погоди Мексико Сити – 12 повредени
    • Ганцер: Повеќето посетители не ги пронашле излезите за евакуација
    • Србија гради нов нафтовод – поврзување со Унгарија и алтернативен увоз на нафта
    • МВР за Пресс24: Двајца загинати откако автомобил заврши во реката Радика
    • Тошковски: МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Јаневска: Образованието не може без бизнисот, стручното образование е силната страна на системот

    Јаневска: Образованието не може без бизнисот, стручното образование е силната страна на системот

    18.11.2025 во 13:10
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Образованието е заедничка општествена одговорност. Министерството за образование и наука не може самостојно да креира ефективни и долгорочни образовни политики доколку тие не произлегуваат од реалните потреби и предизвици што ги посочуваат општествените чинители. Во таа смисла, особено значајна е улогата на бизнис заедницата, која најдобро ги согледува динамичните барања на пазарот на трудот и потребата од практично применливи знаења и вештини.

    Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на денешната конференција на тема „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“, што ја организираше Стопанската комора на Македонија заедно со амбасадата на Швајцарија, во рамки на проектот „Образование за вработување во Македонија“.

    „МОН има воспоставено исклучително конструктивен и отворен дијалог со Стопанската комора на Македонија и со Амбасадата на Швајцарија, која континуирано низ годините наназад е наш силен поддржувач за градење современ, квалитетен и инклузивен образовен систем. Заедно сме насочени кон развивање на квалитетни практични вештини кај младите генерации, а моделот на дуално образование се покажа како најдобар механизам преку кој ја остваруваме оваа цел. Денес, околу 700 компании активно се вклучени во обезбедувањето практична настава за учениците и ќе посочам дека всушност – стручното образование е силната страна на нашиот образовен систем“, рече Јаневска.

    Министерката информираше дека над 70% од учениците од последните две генерации кои се запишуваат во средно образование, одбираат да учат во средни стручни училишта и во седумте регионални центри за стручно образование и обука, каде добро се подготвуваат за брз и успешен настап на пазарот на труд, но и стекнуваат квалитетна основа за понатамошна академска надградба.

    „Немам дилема дека ќе успееме образовниот систем целосно да го синхронизираме со потребите на младите, на економијата и на целото општество. Но, свесни сме дека тоа бара време. И затоа, барам поддршката од бизнис заедницата и нашите меѓународни партнери да продолжи. Да ја одржиме соработката и понатаму да нудиме заеднички одржливи политики и решенија во образованието“, додаде Јаневска.

    На конференцијата се обратија и заменик амбасадорката на Швајцарија, Михал Харари и извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, по што следуваа повеќе панел дискусии поврзани со подготовката на младите за вклучување во бизнис секторот.

    Популарно

    „Крај за пензиите од 10.000 денари“: Мицкоски најави вкупен раст од 7.000 денари до април

    02.01.2026 во 13:48

    Пиротехниката зема данок: 11-годишно дете и тинејџер завршија на Ургентен во новогодишната ноќ

    02.01.2026 во 13:19

    Детали за смртта на двегодишното дете

    02.01.2026 во 13:06

    Обвинение за трагедијата на „Гоце Делчев“: Најмалку 4 години затвор му се заканува на возачот кој го прегази велосипедистот Јорго

    02.01.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.