Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во Кавадарци за да се сопре чадот
    • Најмногу пари доаѓаат од патарината кај Романовце – за 6 месеци од патарини собрани над 30 милиони евра
    • Украина полека ја губи војната
    • Федоров: Украина полека ја губи војната, има само неколку месеци за пресврт
    • Трамп го готви најголемото укинување на визи
    • Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 
    • Трамп: Го следиме „секој квадратен сантиметар“ од Ормутскиот Теснец
    • Топлотен бран во Грција: Во Атика и навечер над 30 степени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра олеснителна околност за родителите

    Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра олеснителна околност за родителите

    25.08.2026 во 13:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, смета дека 15-процентното намалување на ученичката кошничка е добра мерка и ќе претставува олеснителна околност за буџетот на родителите.

    Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, таа посочи дека процентот е соодветен и ги истакна сите форми на поддршка кои државата ги обезбедува за учениците.

    Државата го прави тоа што може да го направи. Не заборавајте дека образованието основно и средно е задолжително, но и бесплатно. Учениците добиваат учебници, тоа е помош на родителите, добиваат превоз, што е исто така помош на родителите, општините обезбедуваат електронски уреди, одреден број општини обезбедуваат ужина и храна. Значи, тоа што можеме да го направиме, го правиме. Сметам дека ова е добра олеснителна околност за родителите, истакна Јаневска.

    Во однос на студентскиот оброк, министерката соопшти дека во овој момент не се планира зголемување на износот бидејќи до МОН нема пристигнато такво барање од студентските организации.

    Јас сум во постојан контакт со студентските организации. Пред две години во разговор со студентите тие бараа проширување на опсегот и рекоа дека се задоволни од цената. Но пред тие две години ние, наместо да покачуваме по седум денари, односно да се усогласуваме со инфлационата стапка, ние покачивме одеднаш 20 денари. Значи, најмалку за три години однапред ние им дадовме пари на студентите и досега кај мене или во Министерството, поплака за студентскиот оброк не е стигната, изјави Јаневска.

    Таа додаде дека студентите се задоволни и од проширувањето на опсегот, со коешто и постдипломците добија право на користење субвенциониран студентски оброк.

    Осврнувајќи се на ревизорскиот извештај за работењето на студентските домови, Јаневска подвлече дека е забележано недомаќинско работење од страна на раководствата на неколку домови, за што веќе се известени надлежните институции кои треба да постапат по случајот.

    Прочитај повеќе

    ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во Кавадарци за да се сопре чадот

    25.08.2026 во 21:59

    Најмногу пари доаѓаат од патарината кај Романовце – за 6 месеци од патарини собрани над 30 милиони евра

    25.08.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.