Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од првачињата побара, покрај знаење, од своите родители да побараат и братче или сестриче, како порака во контекст на сè посериозниот демографски пад и затворањето училишта во земјава.
„Ако продолжиме вака постојано ќе затвораме училишта. Ние пред три години направивме сликовница за прво, второ и трето одделение што се вика ‘Јас, мама, тато, дада и бато’. Оттука порака за првачињата: освен тоа што ќе побараат да стекнат знаење, можеби треба да побараат да стекнат и братче и сестриче, за да можеме повторно овие привремено затворени училишта, во иднина да ги отвораме“, рече Јаневска при посетата на ООУ „Ацо Шопов“ во Бутел.
Таа посочи дека демографскиот проблем не може да се реши со една сликовница, наставен предмет или програма, туку дека станува збор за поширок општествен проблем.
Според објавените податоци, во 2025 година во Македонија се родиле 15.850 деца, што е за 1,3 отсто помалку од претходната година и за 3.181 дете помалку во споредба со 2020 година, кога се родени најголем дел од денешните првачиња.
Новата учебна година почнува со 433 паралелки помалку – 222 во основното и 211 во средното образование. Вкупно 148 училишни објекти, претежно во руралните средини, во моментов се празни, додека 24 училишта годинава се привремено затворени поради недостиг или премал број ученици.
- Пренџов: Филипче пак шири паника и хистерија, исто како што ширеа кога Кире Наумов пишуваше писма кои го чинеа народот 30 милиони евра
- Трамп најави масовни помилувања во администрацијата по примерот на Бајден
- Аларм за морбили во земјава: Потврдени четири случаи, меѓу заразените и три бебиња
- Хорор за Ноќта на вештерките во Далас: Четворица загинати и 15 повредени во три престрелки
- Уапсен 41-годишен велешанец, пријавен дека физички нападнал малолетно дете
- Стопанската комора ќе им помага на Зелениково и Чучер-Сандево да го развијат бизнис секторот, руралниот туризам во фокусот
- Кривична пријава за двајца мажи од Струмичко и Радовишко поради марихуана
- Мицкоски: Сакаме германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции

