Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа

    13.03.2026 во 13:47

    Николоски: Започнуваме нови три инфраструктурни проекти во Кочани

    13.03.2026 во 13:43

    Инцидент во ЈП „Комунална хигиена Скопје“: Вработен нападнал контролор додека му вршел проверка

    13.03.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа
    • Николоски: Започнуваме нови три инфраструктурни проекти во Кочани
    • Инцидент во ЈП „Комунална хигиена Скопје“: Вработен нападнал контролор додека му вршел проверка
    • Мицкоски со убави вести: Нафтените деривати поевтинуваат уште денеска
    • Семејна драма во Кисела Вода: Скопјанец го претепал татко му, па му го запалил автомобилот
    • Филипче: Мицкоски ја води оваа држава како Али Баба и 40 разбојници
    • Битола во градежна офанзива: Над 400 милиони денари инвестирани во капитални проекти во 2025 година
    • Сиљановска-Давкова до австриските амбасадори: Билатералните прашања не смеат да бидат кочница за ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска децидна: Законот за високо образование не се повлекува, професорите имаат две опции

    Јаневска децидна: Законот за високо образование не се повлекува, професорите имаат две опции

    13.03.2026 во 12:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска јасно стави до знаење дека новиот закон за високо образование наскоро ќе влезе во владина процедура. И покрај барањата на одредена група професори за негово повлекување и доработка, Јаневска порача дека едногодишниот труд на работната група нема да биде поништен.

    Според неа, отпорот кај дел од академската заедница доаѓа од страв за исполнување на новите, повисоки критериуми.

    Министерката директно им одговори на критичарите, посочувајќи дека законот нуди флексибилност, но не и отстапки од квалитетот.

    „Мала група професори бараат повлекување на законот. Претпоставувам дека тоа е од страв дека во иднина нема да можат да ги исполнат условите кои законот ги бара. Имаат две можности. Првата можност им е сериозно да се фатат за работа. Втората можност е да останат во истото звање подолго време, па потоа, кога ќе бидат спремни, да одат во следното звање. Од тука ништо не губат“, изјави Јаневска.

    Главната цел на овие законски измени е подобрување на рејтингот на македонските универзитети и нивно позиционирање на престижната Шангајска листа. Министерката нагласи дека сите конструктивни забелешки се веќе вметнати во финалниот текст.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.