Јаневска: Царовска не нуди дигитализација, туку само дигитални учебници со кои ранливите категории на деца нема да бидат рамноправни во образованието

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не рекло дека е против реформи, туку поддржуваме реформи и никогаш не сме рекле дека сме против дигитализација, напротив први со децении работевме на дигитализација, туку она што против кое сме употреба на само дигитални учебници. Хартиени учебници мора да има, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, за Анализа на ТВ24.

Јаневска истакна дека тоа што го нудат МОН и Царовска не е дигитализација, туку само дигитални учебници и да не се манупилира дека ВМРО-ДПМНЕ е против дигитализација, затоа што  ВМРО-ДПМНЕ спроведе компјутер за секое дете, платформа за пдф учебници, електронски дневник кој СДСМ водеше кампања дека ќе го укине.

- Првата опција за децата и за наставниците мора да бидат хартиените учебници. Знаеме колкава е бројката на ранливи категории и тие кои се на раб да станат ранливи во пандемијата и дека тие никако нема да бидат рамноправни во употребна на само дигитални учебници, потенцираше Јаневска.

Во врска со спојувањето предмети Јаневска вели дека Концептот не е во правец на реформа која треба да го подобри квалитетот на образованието, туку дека е реформа зад  која се кријат и политички мотиви.  Тие се поврзани со моменталната состојба во која се наоѓа нашата држава, со Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија.

Јаневска вели дека од Бугарија добивме јасни пораки дека мора да се променат наставните содржини и се бараат промени кои нема да бидат реални факти, туку политичко решение на штета на македонската историја, јазик и идентитет.

- Захариева велеше дека мора да се променат наставните содржини во однос на историјата, идентитетот и јазикот.  Цел свет вели дека Германија и Бугарија биле фашистички земји, зошто да ја менуваме научната вистина. Од минатото треба да учиме. Политиката која ја води Бугарија со децении е да се направат промени кои нема да бидат реални факти, туку политичко решение.  Прашање е до каде оваа власт ќе оди. Компромисот не треба да бие на наша штета и да се дозволи губење на идентитет, култура и јазик, потенцира Јаневска. 

07.06.2021 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега