Јакимовски: 45 дена не можам да ја најдам Арсовска

Стевчо Јакимовски, Градоначалникот на Општина Карпош преку видеообраќање на својот фејсбук профил ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да формира комисија за урбанизам во Град Скопје оти на општината ѝ се заканува тужба од 15 милиони евра. Јакимовски во видеото истакна дека 45 дена не може да ја најде Арсовска, нема никаква кооперативност од нејзина страна и видео обраќањето е последна начин да стапи во контакт со градоначалничката и службите од Град Скопје.

 
„Веќе 45 дена го молам Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, бидејќи старата комисија која досега фукционирала ја суспендирале, а немаат назначено нова комисија за да го одобри деталниот урбанистички план за кој што сме ние тужени, а тужителот бара 15 милиони евра оштета. Вчера добив писмо дека ќе следи и кривична пријава, но јас до денес не наоѓам никакво разбирање ниту желба за кооперативност ниту чувство за одговорност. Не се 15 крушки туку за 15 милиони евра станува збор. Се обидував да стапам во дирекна комуникација со градоначалничката, со службите, се обидував и преку разни други канали да оставрам контакт. Ова е последниот начин со кој што можам евентуално да влијаам за позитивно решение на проблемот за Општината Карпош да не биде доведена во тешка материјална состојба“, кажа Јакимовски во видеообраќањето.
 

17.12.2021 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега