Легендарната емисија „Јади Бурек“ заминува во историјата. Нејзиниот автор и водител, Јанко Илковски информацијата ја објави на социјалните мрежи каде објави и дека ја продава сценографијата.
Објасни дека нема интерес од ниту една телевизија да ја емитува оваа емисија а тој сам нема сили да продолжи да работи онлајн. Дополнително, рече дека има и „здравствени искушенија“ и дека во моментов таму му е фокусот.
Емисијата „Јади Бурек“ смени неколку телевизии но секаде го задржа истиот формат. Интервју или комуникација со публиката во живо, што му донесе многу популарност на Јанко.
Актуелно
- По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
- Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
- Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
- На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
- Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
- Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
- Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
- Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени

