Ја усмртил залутан куршум - инфлуенсерка загинала среде улица неколку дена откако објавила дека е бремена

Смртта на трудницата од Бразил предизвика гнев во Рио де Жанеиро .

Во почетокот на јуни инфлуенсерката Катлин Ромеи објавила фотографија на Инстаграм на која е прегрната со своето момче додека во преден план е нејзиниот труднички стомак.

– Се откривам себе си како мајка и уплашена сум кога ќе помислам како сето  тоа ќе изгледа. Се смеам, плачам и уплашена сум, напишала 24 годишната девојка на 2.јуни.

Само неколку дена подоцна, девојката била мртва. Таа е уште една жртва од конфликтите со полицијата и нарко бандите – погодена е со залутан куршум среде улица во нејзиниот стар дом.

Брзо била пренесена во болница, но за жал не успеале ниту докторите да и го спасат животот.

Идната мајка дури и одбрала име за своето бебе – ако било девојче Маја, ако било момче Зион.

Непосредно пред смртта, објавила и како се чувствува „лавовски глад“, напишала таа.

Марсело Рамос, момчето на несреќната девојка не може да сфати што се случило.

– Тлото ми се помести под нозете. Понекогаш е тешко да ја разберете божјата волја, но знам дека ти си подобро отколку што ние сме сега. Мојата љубов никогаш нема да престане, ти и Маја/ Зион ќе бидете секогаш во моето срце“.

Бабата Катлина била со неа во моментот на несреќата. Изјавила дека нејзината внука пред месец дена се пресеилила од тој крај за да избега од насилството кое моментално било присутно.

Куршумот ја погодил откако се поздравила со тетката. Се се случи ненадејно. Мојата внука падна кога почнаа пукањата. Се обидував да ја заштитам бидејќи беше бремена, раскажала бабата.

Таа додала кога ја видела раната на нејзиното рамно, почнала да вика помош.

– Ја изгубив внуката и неродениот правнук во варварските престрелки, рекла бабата.

Во изминатите години, Рио доживеа драматичен пораст на смртноносни упади
на полицијата.

По смртта на младата инфлуенсерка тамоѓните жители го блокирале автопатот кој ги поврзуа јужниот и северниот дел на Рио.

11.06.2021 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега