Ја објави ама веднаш ја избриша: Емина Јаховиќ си го покажа вистинското лице
Пејачката Емина Јаховиќ случајно објави нефотошопирана и спонтана фотографија на својот Инстаграм профил, каде нејзините следбеници досега ги гледаа само нејзините најубави изданија и луксузниот живот во кој ужива на релација Истанбул – Белград.
Јавноста се шокира од фотографијата од фризерски салон кој ја покажува во нејзиното природно издание, додека фризерката ја суши со фен. Со разбушавена и без шминка, таа изгледа сосема поинаку, но најмалку гламурозно, како што е навикната да ја гледа.
Чудно, но фотографијата со брзина на молња изчезна од профилот на Јаховиќ што отвора сомнеж дека е објавена случајно, од невнимание на пејачката.
Емина секогаш зборува дека својот совршен изглед и фигура ги должи на неуморното вежбање и на честите гладувања, па во текот на еден месец во континуитет гладува по 48 часа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа