„Ја чекавме, но таа не дојде“ – Наставничката на Аниса од Студеничани низ солзи раскажа за последните моменти со својата ученичка

Во големата несреќа во Бугарија, загинаа 45 лица од Македонија. Меѓу нив се најдоа и наставничката по макеоднски јазик од ОУ „Наим Фрашери“- Студеничани, Фекрије Исени и нејзината ќерка Аниса, ученичка во истото училиште.

Мимоза Мустафаи низ солзи за „Слободен печат“ изјави дека една клупа во нивната училница засекогаш ќе остане празна, потенцирајќи дека ја чекале да дојде Аниса, но таа никогаш не се појавила.

– Пред да замине за Турција, Аниса ми рече: „Ќе одам во Турција, почекајте да дојдам“. Имавме роденден за славење. Ја чекавме, пријателите ја чекаа, но таа не дојде. Дојде црната вест дека повеќе нема да биде меѓу нас. Мојата колешка, сега починатата, Фикрије често ми велеше: „Аниса ќе личи на тебе, ќе стане како тебе, ќе се облекува како тебе, ќе стане учителка…“. Нејзините соученици ме пречека со наведната глава, слушнаа за веста, и за Аниса, но чекаа јас да им кажам. Една клупа во нашата училница ќе остане празна засекогаш, но ние ќе ја чуваме Аниса во нашите срца насмеана, како што беше, вели за „Слободен печат“, наставничката на Аниса, Мимоза Мустафаи која во ова училиште предава албански јазик и литература.

24.11.2021 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега