„Извршивме претрес“: Се огласија од МВР откако го ослободи приведениот за заканите за бомби во скопските училишта
Се огласија од МВР откако утрово го ослободи приведениот за заканите за бомби во скопските училишта.
„Со лицето е извршен службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР
После 10-часовни испитување полицијата рано утрово го ослободи Никола Николовски (23) кој синоќа беше приведен како осомничен за лажните пријави за бомби во средните училишта во Скопје. Очигледно е дека се работело за класично подметнување, објави МКД.МК.
Како што пишува порталот, испраќачите на заканите за поставените бомби во средните училишта го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите со заканите. Полицијата веднаш го привела Николовски и по 10-часа испитување и претрес во неговиот дом, тој е ослободен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа