Извршено примопредавање на функцијата министер за информатичко општество и администрација

 Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) денеска се изврши примопредавање на должноста помеѓу досегашниот министер Адмирим Алити и новоименуваниот министер Азир Алиу.

Како што информираат од МИОА, во срдечна атмосфера, двајцата си посакале многу успех и ефикасно справување со предизвиците кои претстојат во ресорот.

Новиот министер Алиу истакна дека силно верува оти со многу работа, упорност и одговорност, може да се постигнат резултати со кои ќе бидат горди сите наши сограѓани

-Моите претходници започнаа некои навистина значајни процеси и проекти во областите како што се дигитализација, сајбер безбедност и развој на информациски и комуникациски технологии, кои заедно со новите проекти што ги подготвуваме со мојот тим, очекуваме значајно да влијаат на подобрување и позитивна трансформација на целокупниот ИКТ еко-систем во Република Северна Македонија. Силно верувам дека со многу работа, упорност и одговорност, можеме да постигнеме резултати со кои ќе бидат горди сите наши сограѓани, рече Алиу.

Алиу е интернационален експерт во областа на информатичките технологии и образованиетосо повеќе од 20 години работно искуство во приватниот и академскиот сектор, реализирајќи над 100 различни проекти во области како дигитална трансформација, развој на стартап екосистеми, вештачка интелигенција и машинско учење.

На должноста министер доаѓа од позиција на универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на факултетот за Компјутерски науки и технологија. 

28.02.2023 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега