Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави измерените температури на мрежата од мерни станици низ земјава денеска во 11 часот.

Најтопло претпладнево е измерено во Гевгелија со 31,7 степени, како и на мерната станица Зајчев Рид во Скопје со 30,9 степени и Кавадарци со 30,1 степен. Во Струмица се измерени 29,9 степени, а на станицата Скопје-Петровец се регистрирани 29,2 степени.

Во Велес температурата достигна 28,8 степени, во Штип 28,2, а во Демир Капија 28,1 степен. Во Тетово беа измерени 27,0 степени, во Битола 26,9, а во Охрид 26,4 степени.

Посвежи температури се измерени во планинските места: на Попова Шапка се регистрирани 15,7 степени, а во Крушево 21,1 степен.

За Маврови Анови и Лазарополе нема достапни податоци во овој мерен термин.

Exit mobile version